| четврток, 6 декември 2018 |

ВМРО-ДПМНЕ: Господине Жерновски, граѓаните заслужуваат одговор

zernovski-na-mostot-oko

Андреј Жерновски наместо да биде во функција на граѓаните и да се занимава со нивните проблеми, тој се занимава со сѐ и сешто што не е во рамките на неговата надлежност, сѐ со цел да го прикрие своето неработење во изминатиот половина мандат – обвинува владејачката ВМРО-ДПМНЕ.

Жерновски, според нив, во ниту еден момент не помисли на ветувањата кои им ги дал на граѓаните во текот на изборната кампања. Граѓанит, додаваат тие, сѐ уште чекаат одговор кога и дали Жерновски ќе ги реализира лажните ветувања.

– Господине Жерновски, граѓаните заслужуваат да знаат кога конечно ќе се заврши реализацијата на гасификацијата во ОУ „Димитар Миладинов“ која сѐ уште не е почната, а со едно багерче и уште неколкумина советници уште во јуни 2013 година, навидум поставивте камен-темелник. Преку медиумите тогаш ја уверувавте јавноста дека проектот ќе заврши за три месеци, а веќе помина една и пол година, ни трага ни глас од гасификацијата. Граѓаните на општина Центар сѐ уште не добија одговор како Жерновски потроши половина милион евра за изградба на „Боемска улица“, која реално чини половина од таа сума и зошто градоначалникот неколку пати се обиде да изманипулира со сумата на парите и квадратурата на улицата. На жителите од Капиштец им беше ветена градинка, проект кој требаше да биде реализиран веднаш по локалните избори. Граѓаните заслужуваат да добијат одговор кога и дали ќе биде изградена градинка во Капиштец, ако се земе предвид дека со сумата која е исплатена за „Боемска улица“, ќе се изградеа две градинки. Градоначалникот Жерновски има морална должност да им објасни на граѓаните со чија дозвола вработените во општина Центар од редовите на опозицијата, ашикуваат со парите на граѓаните? Дали Жерновски издал дозвола за користење на службен автомобил по работното време? Дали Жерновски дозволил вработените од општина Центар да живеат боемски живот врз грбот на граѓаните? Г-дине Жерновски, граѓаните на општина Центар заслужуваат да добијат одговор на овие прашања. Наместо да се занимавате со прашања кои не се во Ваша надлежност целиот Ваш мандат, одговорете им на граѓаните она што нив ги интересира – велат од ВМРО-ДПМНЕ.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top