Победник вo финалето на тенискиот турнир на АТП во Валенсија е Британецот Енди Мареј, кој по тешка и долга борба со 2-1 (3-6, 7-6, 7-6) во сетови го совлада домашниот тенисер Томи Робредо. Мечот изобилуваше со долги и исцрпувачки поени. Во еден момент во текот на третиот сет среде гем, судијата им даде одмор на тенисерите бидејќи и двајцата не можеа да го довршат поенот.
Во тај-брејкот на третиот сет двајцата тенисери испуштија неколку меч-топки. Сепак, трагичар е секако Робредо, кој не успеа да реализира дури четири поени за завршување на мечот и тоа на свој сервис.
Најинтересен е моментот кога заврши мечот. Робредо прв дојде до мрежата да му честита на Мареј, кој, пак, едвај се довлечка до мрежата. Тој му покажа среден прст, секако со насмевка на лицето.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Шок во Бордо: Суботиќ во бесознание, доби удар од голманот на Ст.Етјен
-
Кузмановска: Неспособната власт ги задолжи граѓаните за нови 21,1 милион евра
-
И јас трпев насилство од поранешниот партнер: Министерката си ја отвори душата!(видео)
-
Руси масовно дрифтаат во снег, ни полицијата не им може ништо (Видео)