| четврток, 6 декември 2018 |

Убиен капитенот на репрезентацијата на Јужна Африка

Сензо Меива

Сензо Меива

Капитенот на репрезентацијата на Јужна Африка Сензо Меива бил убиен при грабеж. Голманот е застрелан додека се обидувал да ја заштити својата девојка Кели Куманите за време на грабеж во нејзиниот домот во Јоханесбург. Дваесет и седумгодишниот Маива бил застрелан во градите и починал пред да пристигне во болницата.

– Двајца мажи упаднале во домот и ги побарале телефоните, пари и други вредности – велат од полицијата.

Сензо се обидел да ја заштити Куманите бидејќи едниот од напаѓачите вперил пиштол кон нејзината глава. Во грабежот учествувал и трет маж, кој чекал надвор од куќата. Веднаш по пукањето и тројцата исчезнале.

Селекторот на Јужна Африка Машабане се обидувал  да смири голем дел од соиграчите на Меива, кои пристигнале во болницата брзо по инцидентот.

– Ги уверуваме сите Јужноафриканци дека ќе направиме сè што можеме за да ги доведеме пред законот убијците на Меива – напишаа од полицијата на „Твитер“. Тие најавија и награда од 13.700 долари за информација за криминалците.

Меива беше голман на Јужна Африка во последните четири натпревари од квалификациите за Купот на африканските нации, без да прими ниту еден гол. Тој играл и во саботата во дуелот со „ пиратите“, кои стигнале до полуфиналето на Купот на лигата во земјата.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top