Околу 40 девојки од романскиот град Сегарч нестрпливо чекаат резултати од тестовите за ХИВ, откако на погребот на локалниот плејбој Даниел Секуа дознале дека боледувал од сида.
Овој бизарен случај крена голема прашина во Романија бидејќи се дозна дека и неговиот лекар се обидувал да обелодени дека Даниел е болен, откако и неговата ќерка спиела со него, но мајката на момчето му се заканила со тужба доколку не ги почитува законите за доверливост меѓу пациентот и лекарот. Според романските закони личност која знае дека боледува од сида, а го пренесува вирусот и се заканува казна затвор од 15 години бидејќи ги доведува останатите луѓе во смртна опасност. Меѓутоа во законот е нагласено дека инфицираната личност не е обврзана на својот сексуален партнер отворено да му каже дека е заболена, но е должна да го заштити. Бидејќи момчето е веќе мртво сега на мета се неговите родители, а реагираше и градоначалникот Никола Попа кој ја обвини мајката на момчето за ужасната ситуација во која многумина се најдоа.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.


