Минатата недла во Скопје биле санкционирани 906 учесници во сообраќајот поради непочитување на Законот за безбедност на сообраќајот.
Според МВР, 28 возеле под дејство на алкохол, а 26 поминале на црвено светло. Без возачка дозвола возеле 50 возачи, а 76 лица управувале возила со измината важност на сообраќајната дозвола.
Покрај ова, 77 возачи возеле над дозволената брзина, а 55 управувале возило со над 90 км на час во населено место.
Од страна на СВР Скопје изречени се и 50 прекршоци за некористење на сигурносен појас, 41 прекршок за зборување на мобилен телефон, 25 прекршоци за паркирање во зона на крстосница, автобуска постојка и пешачки премин и 308 прекршоци за неправилно и непрописно паркирање. За недавање на првенство на минување на пешаци изречени се осум прекршоци, а за непрописно престројување 19 прекршоци.
За прекршоци што ги направиле пешаците изречени се 10 прекршоци, а со пајак возилото подигнати се 318 возила.
СВР-Скопје апелира до граѓаните да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи со цел да се намалат сообраќајните незгоди
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.


