| четврток, 6 декември 2018 |

Минатата недела полицијата казнила 906 учесници во сообраќајот

Минатата недла во Скопје биле санкционирани  906 учесници во сообраќајот поради непочитување на Законот за безбедност на сообраќајот.

Според МВР, 28 возеле под дејство на алкохол, а 26 поминале на црвено светло. Без возачка дозвола возеле 50 возачи, а 76 лица управувале возила со измината важност на сообраќајната дозвола.

Покрај ова, 77 возачи возеле над дозволената брзина, а 55 управувале возило со над 90 км на час во населено место.

Од страна на СВР Скопје изречени се и 50 прекршоци за некористење на сигурносен појас, 41 прекршок за зборување на мобилен телефон, 25 прекршоци за паркирање во зона на крстосница, автобуска постојка и пешачки премин и 308 прекршоци за неправилно и непрописно паркирање. За недавање на првенство на минување на пешаци изречени се осум прекршоци, а за непрописно престројување 19 прекршоци.

За прекршоци што ги направиле пешаците изречени се 10 прекршоци, а со пајак возилото подигнати се 318 возила.

СВР-Скопје апелира до граѓаните да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи со цел да се намалат сообраќајните незгоди

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top