| четврток, 6 декември 2018 |

Во Зелден почна сезоната во алпско скијање

h_51634629Во австрискиот центар Зелден се вози првиот машки велеслалом. Заврши првиот дел од трката, а прв е Марсел Хиршер, кој за 19 стотинки е побрз од Теди Лигети. 36- годишниот Бенјамин Бени Рајх е четврти по ова прво возење. Второто е закажано за половина час по пладне.

Новата сезона во алпско скијање почна вчера во истиот австриски центар со женскиот велеслалом. h_51634633

Уште првата трка донесе изненадување, кога на првото место со идентичен резултат беа актуелната шампионка во Светскиот куп Ана Фенингер и олимписката шампионка во слалом Микаела Шифрин.

По најдоброто време на првото мерење во првото возење на Шифрин, во второто возење се чинеше дека ќе остане дури и без пласман меѓу петте најдобри, но Американката ја надокнади предноста на Фенигер и на крајот заврши со исто време.

h_51634977Третото место го освои Австријанката Ева Мариа Брем.

Еве го распоредот за првите пет места во Солден.

1. Ана Фенингер (Австрија)  2:39.85

1. Микаела Шифрин (САД) 0.00

3. Ева Мариа Брем (Австрија) + 0.27

4. Катрин Зетел (Австрија) + 0.29

5. Федерика Брињоне (Италија) + 0.37

 

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top