Во австрискиот центар Зелден се вози првиот машки велеслалом. Заврши првиот дел од трката, а прв е Марсел Хиршер, кој за 19 стотинки е побрз од Теди Лигети. 36- годишниот Бенјамин Бени Рајх е четврти по ова прво возење. Второто е закажано за половина час по пладне.
Новата сезона во алпско скијање почна вчера во истиот австриски центар со женскиот велеслалом. 
Уште првата трка донесе изненадување, кога на првото место со идентичен резултат беа актуелната шампионка во Светскиот куп Ана Фенингер и олимписката шампионка во слалом Микаела Шифрин.
По најдоброто време на првото мерење во првото возење на Шифрин, во второто возење се чинеше дека ќе остане дури и без пласман меѓу петте најдобри, но Американката ја надокнади предноста на Фенигер и на крајот заврши со исто време.
Третото место го освои Австријанката Ева Мариа Брем.
Еве го распоредот за првите пет места во Солден.
1. Ана Фенингер (Австрија) 2:39.85
1. Микаела Шифрин (САД) 0.00
3. Ева Мариа Брем (Австрија) + 0.27
4. Катрин Зетел (Австрија) + 0.29
5. Федерика Брињоне (Италија) + 0.37
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Хитер најбрза на спустот во Лејк Луиз, спектакуларно излетување на Линдзи Вон (видео)
-
Сребрен медал во супервелеслалом за Бојан Трајковски на Специјалната олимпијада во Австрија
-
Хиршер го освои шестиот Кристален глобус (ВИДЕО)
-
Марсел Хиршер се закити со златен медал во велеслалом на СП во Сент Мориц


