Женскиот ракометен клуб Вардар ја забележа првата победа во новото издание на Лигата на шампионите, а во Скопје падна германскиот Турингер.
Вистински мелем на црногорската рана е победа над германски тим, а со ова се анулира поразот на стартот од Будуќност во Подгорица.
Гостинките одличне се држеа до финишот на првиот дел, дури и водеа со 8-5, но Ина Суслина со 14 одбрани за 30 минути донесе пресврт. Руската ветеранка беше иницијална каписла за победа, а Вардар на крајот славеше со 5 гола разлика, 26-21.
Пенезиќ беше најефикасна со 8 погодоци, Лекиќ даде 5 гола, а јунакот на мечот Суслина во НБА стил одбрани дури 27 удари, што е неверојатен потфат во вака реномирано натпреварување.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.