| четврток, 6 декември 2018 |

Албанските партии се здружуваат против коалицијата на ВМРО-ДПМНЕ и на СДСМ

Албанските партии ќе ги обединат силите за градоначалничките места во Струга и Долнени да припадне на Албанец, пишува весникот „Лајм“. Претходно, ДПА и партијата на Руфи Османи веќе јавно соопштија дека ќе го поддржат кандидатот на ДУИ.

Според весникот, ваквиот потег бил одговор на договорот меѓу „непријателите“ СДСМ и ВМРО-ДПМНЕ кои се договориле да настапат заеднички против „заедничкиот непријател“- Албанците во општините Кичево и Струга.

Ермира Мехмети од ДУИ за весникот вели дека партијата е подготвена на соработка во секоја општина во интерес на албанските кандидати за градоначалници.

–       Се разбира, може да соработуваме во секоја општина во која принципиелната соработка може да донесе најдобри резултати за албанските кандидати – вели Мехмети за „Лајм“.

Истото за весникот го изјавиле и од партиите на Тачи и на Руфи Османи.

Албанските аналитичари биле на став дека партиите од албанскиот блок треба да ги стават настрана политичките препукувања и да работат заедно за доброто на сите Албанци.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top