| четврток, 6 декември 2018 |

Познати девет кандидати за градоначалници од ВМРО- ДПМНЕ

ВМРО- ДПМНЕ се екипира за претстојните локални избори кои ќе се одржат во март годинава. ИК утврди листа на уште девет кандидати за градоначалници

ffmpeg_generator_10173Извршниот комитет на владејачката партија на саботната седница донесе одлука да му предложи на Централниот Комитет да се утврдат имињата на девет кандидати за градоначалници од редовите ВМРО-ДПМНЕ за престојните локални избори.

Извршниот Комитет на ВМРО-ДПМНЕ предлага: Сокол Митровски (Ѓорче Петров), Тони Трајковски ( Гази Баба),  Ратко Димитровски (Кочани), Николче Чурлиновски (Валандово), Ѓорѓи Дамчески  (Крушево), Трајче Димитриев (Демир Капија), Горан Манојловски (Тетово), Љупчо Колев (Босилово), Лазар Котевски  (Новаци).

Пред месец дена ВМРО-ДПМНЕ објави десет кандидати за градоначалници од кои најголемо изненадување беше Јангула Куновска предложена за градоначалник на општина Карпош. Покрај Куновска, Извршниот Комитет на Централниот Комитет му ги предложи: Коце Трајановски (Скопје), Борче Митревски (Петровец), Жика Стојановски (Илинден), Никола Бакрачевски (Охрид), Јагнула Куновска (Карпош), Владимир Талевски (Битола), Марјан Ристески (Прилеп), Блажо Велков (Ново Село), Васил Пишев (Струмица), Зоран Ѓорѓиевски (Куманово).

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top