Вистинска паника завладеала на погребот на дваесетичетири годишниот Романец Даниел Деку, познат по љубовните врски и афери со повеќе десетици девојки и жени од градот Сегарч во југоисточна Романија, откако на закопот било обелоденето дека тој починал од СИДА.
Младите и постари Романки кои пристигнале да се испратат со својот љубовник првично кренале паника и започнале да вриштат, а потоа ги нападнале членовите на неговото семејство на сред погребната церемонија. Потоазаминале во болница за да се тестираат од смртоносниот вирус. Во локалната болница се пријавиле вкупно 40 девојки и жени кои дале крв, а до сега потврдено е дека само две од нив се ХИВ позитивни.
Мајката е под истрага
Бизарниот случај предизвикал хаос во цела Романија и покренал и законски и морални прашања дали момчето, познато по надимакот Ромео, имал обврска на своите партнерки да им даде до знаење дека боледува од смртоносната СИДА. Всушност, лекарите потврдиле дека Даниел веќе подолго време знаел дека е ХИВ позитивен, но дека очигледно молчел за тоа, исто како и неговото семејство.
Со оглед на тоа дека никаква истрага не може да се спроведе над личност која е почината, сега мета на истражување се неговите татко и мајка.
Строг закон
Инаку, според законот на Романија, лице кое е ХИВ позитивно и кое го пренесува вирусот може да биде казнето со затворска казна од пет до дури петнаесет години од причина што други лица изложува на смртна опасност. Меѓутоа, во прописите е нагласено и тоа дека заразеното лице нема должност отворено да му каже на својот партнер дека има СИДА, но дека мора да практикува заштитен сексуален однос.
Тој бил и со ќерката на лекарот
Лекарот кој го лекувал Даниел Деку, Корнел Станчу, и кој знаел дека момчето е ХИВ позитивно, сакал да го обелодени јавно кога открил дека Даниел излегува и со неговата ќерка. Меѓутоа, мајката на Даниел му се заканила дека ќе поднесе тужба врз основа на тоа дека тој како лекар мора да го почитува законот за доверливост помеѓу лекар и пациент.
– Јас бев свесен дека тој излегува со многу девојки, но не можев ништо да направам – изјавил Станчу.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.