| четврток, 6 декември 2018 |

Вечерва не заборавајте да го вратите часовникот еден час назад

dst-end
Ноќеска, меѓу сабота и недела, започнува зимското сметање на времето со што стрелките на часовникот ќе се поместат за еден час назад. Тоа значи дека во 3 часот ноќта стрелките на часовникот треба да се поместат на 2 часот така што ќе се спие еден час повеќе.

Зимското сметање на времето почнува последниот викенд во октомври и трае до последниот викенд на март.

Поместувањето на стрелките во западна Европа воведено е во почетокот на 1970-тие години со образложение дека со тоа се „продолжува“ денот, се овозможува заштеда во потрошувачката на електрична енергија, се зголемува продуктивноста, се подобрува приспособувањето на луѓето и работниот ден го прави поефикасен.

Преминувањето на летно и зимско време првпат е забележано во 1916 година во земјите на северна Европа, а досега воведено е во околу 70 земји, главно на северната хемисфера.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top