Убедлив триумф од 3:0 оствари екипата на Селта синоќа на домашен терен против Леванте во дуелот со кој стартуваше деветтото коло од шпанската Примера.
Головите за Селта ги постигнаа Пабло Педро Хернадез (27.минута), Јоакин Ларивеј (83.) и Алекс Лопез (90).
Дербито на колото и на шпанскиот фудбал воопшто, се игра вечерва од 18 часот на „Сантијаго Бернабеу“ каде Реал ја пречекува Барселона.
На другите денешни натпревари се среќаваат: Алмерија – Атлетик Билбао, Валенсија – Елче, Кордоба – Сосиедад и Еибар – Гранада.
Четири натпревари ја сочинуваат неделната програма: Малага – Рајо Ваљекано, Еспањол – Депортиво Ла Коруња, Севиља – Виљареал и Хетафе – Атлетико Мадрид.
Табела:
Барселона 22 бода,
Севиља 19,
Реал Мадрид 18,
Валенсија 17,
Атлетико Мадрид 17,
Селта Виго 16,…
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Колкаво богатство поседуваат сопствениците на фудбалските тимови од Премиер лигата?
-
Голем скандал со местење откриен во Премиер лигата
-
Премиер лигата конечно ќе добие зимска пауза, но нема да стартува од следната сезона
-
Премиерлигашите потрошија рекордни 430 милиони фунти во зимскиот трансфер период