Девојка починала за време на пластична операција за корекција на нејзиниот задник. Таа во истата клиника претходно правела липосукција, а овој пат сакала да направи корективен зафат на задникот. Но новиот козметички зафат не го преживеала, пренесува Дејли мејл.
Докторот Сомбоп Саенсири кој требало да ја изврши операцијата е уапсен.
Во тек ќе биде и истрага за да се провери дали бил квалификуван за такви операции, а се истражува дали клиниката имала опрема за оживување на пациенти во случаи слични на овој.
Телото на несреќната девојка е пренесено на обдукција.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.