По две години пауза од натпреварувањето, Хари Мата Хари ќе се обиде да ја врати Босна и Херцеговина на вистинскиот пат и да забележи успех во Австрија. Тој ќе ја претставува земјата на изборот што ќе се оддржи наредната година.
Инаку, тој е најуспешниот евровизиски претставник во историјата на БиХ. Во 2006-та година на натпреварот во Атина го освои високото трето место со настапот со песната „Лејла“ и ја воодушеви Европа.
Песната ја напиша Жељко Јоксимовиќ, кој повторно се споменува како потенцијален соработник и за новата песна. Покрај името на Јоксимовиќ се спомнува и Горан Бреговиќ, Фархудин Пецикоза Пеца и Тони Хуљиќ.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.