Еврокомесарот за регионална политика, Јоханес Хан, заедно комесарот за поморски прашања и рибарство, Марија Даманаки, го поздравија “зеленото светло” кое денеска го дадоа европските лидери на Самитот на Европскиот совет новата макро-стратегија на Европската унија за Јадранскиот и Јонскиот регион (EUSAIR). Оваа макро-стратегија беше предложена во јуни минатата година од страна на Комисијата.
И покрај инсистирањата на Република Македонија, како и на Косово, но и на дел од земјите што се дел од оваа стратегија, поради блокадите на Грција и Србија, Јадранско-јонската стратегија за инфраструктурно и за во други сегменти ќе ги поврзува земјите Хрватска, Грција, Италија и Словенија од Унијата, со Албанија, Босна и Херцеговина, Црна Гора и Србија, кои се земји-аспиранти за членство во ЕУ.
Иако не излегува ниту на Јадранското Море, ниту на Јонското, Србија е вклучена во оваа стратегегија оти била дел кога пред 10 години е покрената како иницијатива, кога беше во заедничка држава со Црна Гора. Сепак, поради грчките блокади, но и противење на Србите, комесарот Хан (кој во иднина ќе биде еврокомесар за преговори за проширување), не успеа да ги вклучи Македонија и Косово во оваа стратегија, што ќе значеше целосно поврзување на земјитие од Западен Балкан со Европската унија, а за сметка на Брисел.
– Успехот со Јадранско-јонскиот регион ќе придонесе кон просперитетот и безбедноста на Европа како целина – рече комесарот Хан.
Грчката еврокомесарка, Даманаки, пак ја поздрави новата стратегија како “план за идни иницијативи во морскиот слив”.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.


