Kога ќе одите од врата на врата секогаш почнете од последниот кат и движете се надолу. Одете меѓу 10 и 21 часот за викенд и меѓу 18 и 21 часот во работен ден, а никогаш за време на ручек. Облечете соодветна облека и без нервоза. Не носете на себе очила за сонце или капа, која може да ви го скрие лицето. Вашата лична приказна е секогаш најдобар начин да ги вклучите во разговор луѓето што ќе ви отворат врата. Супер е ако разговарате и надвор од сценариото. Ако нема никој дома, обидете се од соседите да дознаете дали некој живее на таа адреса.
Ова се само помал дел од инструкциите од централата на СДСМ за спроведување на новата стратегија на дејствување на партијата преточени на хартија, пишува „Дневник“.
ДИРЕКТИВИ ЗА ТИМОВИТЕ
– Облекување во соодветна облека, без очила за сонце и без капа
– Граѓаните да не се посетуваат за време на ручек
– Во моментот кога ќе ви ја отворат вратата, секогаш направите чекор назад. Така ќе покажете дека немате намера да влезете
– Вежбање на тоа што треба да се каже
– Никогаш не одете од врата на врата сами, тропајте ниту претивко ниту прегласно
– Бидете насмеани, позитивни и ведри
– Не почнувајте го разговорот со жалење за ситуацијата или за лошата политика на власта
– Не влегувајте во расправии
– Разговорот просечно треба да трае десет минути
– Ако граѓаните во тој момент се зафатени, извинете им се и прашајте дали може да наминете за половина час
– Не правете се експерт за политика. Ако не го знаете одговорот на прашањето на граѓанинот, насочете го каде може да го најде
– Едниот член на тимот разговара со гласачот, другиот запишува
– Разговорот почнува вака: Јас сум… Сакаме да ве слушнеме… Дали може да ви одземеме неколку минути од вашето време
– Прашајте ги кои проблеми им се најголеми во општината, кои се најважните прашања во државата, дали би нè поддржале ако утре се одржат изборите, дали сакате да станете наш член…
АКО ВЕ ЗАЗБОРУВААТ, ИЗВИНЕТЕ СЕ
Посебен совет е даден за во ситуација кога домаќинот кај кого тимот дошол се зазборувал повеќе од десет минути, а тие се брзаат за да одат на следната врата.
– Еве како учтиво да се извадите од таквата ситуација: Би зборувале уште долго, но денес морам да стигнам кај уште триесетина соседи од вашето маало. Слободно пишете ни порака или побарајте нè, сите информации се содржани во брошурата што ви ја дадов.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.