| четврток, 6 декември 2018 |

Најголемите германски компании на „тајна средба“ во Москва

bildЗападот веќе со месеци се обидува со строги економски санкции да ја принуди Русија да го смени курсот во однос на кризата во Украина, но и покрај тоа, голем број водечки менаџери на странски компании, меѓу кои и голем број германски фирми, и натаму продолжуваат да оддржуваат тесни врски со Москва, пишува германскиот весник „Билд“.

Весникот дознава дека на почетокот на оваа недела се оддржала средба на врвот на „Консултативниот совет за странски инвестиции“ на рускиот премиер Дмитриј Медведев.

На тајната средба во резиденцијата на премиерот на улицата „Горки“ број 9 во московското предградие „Рубљовка“, учествувале шефовите на четири водечки германски концерни, Олаф Кох од „Метро“, Мареин Декерс од „Баер“, Курт Бок од БАСФ и Јоханес Тајсен од Е.ОН, посочува „Билд“.

Нивните компании се дел од 51 светски концерни, чии совети се особено ценети од Кремљ и кои од 1994 година руското раководство редовно ги кани на средби. Во овој тесен круг влегуваат уште и шефовите на големите гиганти БП, „Кока-Кола“, „Форд“ и „Нестле“, забележува „Билд“.

На средбите е дозволено присуството само на директорите на компаниите, а не и на нивните помошници и особено не на претставници на печатот.

Според весникот, водечка тема на последната средба била можноста странските компании да инвестираат и да делуваат во Русија и во иднина и покрај актуелните санкции.

Сите поосчени учесници на средбата одбиле да дадат коментар за весникот.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top