Настапите на Бритни во “Планет Холивуд ” во Лас Вегас започнаа во декември 2013 година. Нејзиниот договор е на две години и бил на 310 000 долари за едно шоу, а сега е зголемен на 475 000 долари.
Интересот кон спектаклите кои ги прави Бритни е огромен и освен зголемената неделна плата, таа добива и дел од продажбата на сувенири. Новиот договор значи дека Бритни заработува само 1000 долари помалку од најдобро платената пејачка во Лас Вегас, Селин Дион. Бројот на концертите на Бритни е зголемен од 92 на 140.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.