| четврток, 6 декември 2018 |

Горе на височините, долу на афалтот – спот на ДНК за „Север и југ”

dnk

Нешто ново од ДНК – тоа е најдобрата реченица со која може да се опише новиот сингл „Север и југ“. Во соработка со долгогодишниот продуцент и соработник, Лазар Цветкоски, кој заедно со Панчо ја напиша музиката за песната. Како текстописец се јавува Панчо, додека аранжманот е дело на Цветкоски. „Север и југ” е мастерирана во „Метрополис мастеринг студио“ во Лондон.

Во етер е и спотот за „Север и југ“ – приказна снимана на две екстремно различни места – горе, на височините на Козјак и долу, на асфалтот во центарот на Скопје. Спотот го изработи „Томато продукција“, а во него за првпат на екран се појавува Кристина Максимоска, моделка на „Макмоделс“.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top