На аеродромот во рускиот град Екатеринбург дојде до нов инцидент, овој пат судир меѓу патнички авион на руската авиокомпанија „Уралски авиолинии“ и камион за транспор на багажот, јави ТАСС.
Во инцидентот нема настрадани, а до него дошло при подготовките за летнување на авионот. Во авионот немало патници.
По прегледот на авионот не биле утврдени оштетувања што можат да претставуваат опасност за неговото летање. Со два часа задоцнување авионот летнал за Москва.
Во понеделникот, при судир на авион „фалкон“ со машина за чистење снег на московскиот аеродром „Внуково“ загинаа четири лица, меѓу кои беше и претседателот на францускиот концерн „Тотал“, Кристоф де Маржери.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.