| четврток, 6 декември 2018 |

Курдските борци ја запреа офанзивата на ИД за заземање на Кобане

Офанзивата на екстремистите од групата Исламска држава (ИД) за заземње на пограничниот сириски град Кобане е запрена, а курдските борци, веројатно, ќе бидат во можност да го спречат нивниот напад со помош на американските авиони, изјавија синоќа американски официјални претставници.

kurdi kobane

Линијата на фронтот меѓу џихадистите на ИД и курдските бранители не е поместена повеќе од една недела.

– Мислам дека курдските сили ќе бидат во можност да го запрат нападот – истакна претставник на Централната команда на САД.

Тој нагласи дека откако ќе слушнале звук на воени авиони, џихадистите почнувале да бегаат низ ридот Тилсехир, западно од опколениот град Кобане, и да се кријат во ровови, кои, веројатно, ги ископале курдските борци.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top