Офанзивата на екстремистите од групата Исламска држава (ИД) за заземње на пограничниот сириски град Кобане е запрена, а курдските борци, веројатно, ќе бидат во можност да го спречат нивниот напад со помош на американските авиони, изјавија синоќа американски официјални претставници.
Линијата на фронтот меѓу џихадистите на ИД и курдските бранители не е поместена повеќе од една недела.
– Мислам дека курдските сили ќе бидат во можност да го запрат нападот – истакна претставник на Централната команда на САД.
Тој нагласи дека откако ќе слушнале звук на воени авиони, џихадистите почнувале да бегаат низ ридот Тилсехир, западно од опколениот град Кобане, и да се кријат во ровови, кои, веројатно, ги ископале курдските борци.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Македонец подготвувал терористички напад во името на Исламската држава во Италија
-
Голема акција на турската полиција, уапсени 23 лица: Терористите спремале „сензационален напад”
-
Приходите на ИД од продажбата на нафта за две години се намалија за 90 отсто
-
ИД ја презеде одговорноста за нападот во лондонското метро