| четврток, 6 декември 2018 |

Силна вулканска ерупција може целосно да ја уништи Јапонија

Според извадоците од истражувањето на јапонските вулканолози Јошијуки Тацуми и Кеико Сизуки, и двајцата од универзитетот во Кобе, опасноста од вакво катаклизмично сценарио изнесува 1 отсто во наредниот век. По разорниот земјотрес од март 2011 година со магнитуда од 9 степени според Рихтер и гигантското цунами со бранови повисоки од десет метри, во Јапонија се чести симулациите на природни катастрофи со процени колку земјата е подготвена да се справи со ваквите несреќи.

– Мораме да бидеме свесни за фактот дека нема да биде ништо чудно доколку еден дена на нашите острови дојде до силна експлозија – се наведува во воведот на студијата, при што експертите проценуваат дека во тој случај би можело да загинат и до 120 милиони луѓе, што е речиси целото јапонско население чија бројност во моментот изнесува 127 милиони луѓе.

– Во Јапонија се наоѓаат 7 отсто од сите активни вулкани на светот и нашата земја често била погодувана од природни катастрофи од овој вид, како што беше и неодамнешната ерупција на вулканот Онтаке во којашто животите ги загубија повеќе од 50 луѓе. Погледите се насочени кон Фиџи, каде што постои опасност од ерупција – пишуваат натаму научниците.

Својот труд го темелат на проучувањето на димензиите и зачестеноста на големите ерупции на територијата на Јапонија, со особено внимание на калдерата Аира, гигантски кратер кои настанал пред околу 28 илјади години во областа Кагошима, во југозападниот дел од островот Кјушу, кога врвот на вулканот се урнал како последица на силна ерупција. Според откритијата на археолозите, биле потребни повеќе од илјада години да почнат ада се обновуваат човечките населби во споменатата област. (Калдерата е геолошки облик кој го создава вулканот кога ќе се урне самиот во себе, со што создава голем и посебна форма на вулкански кратер кој има облик на котел).

– Доколку еден ден се случи повторување на овој феномен во истата област, седум милиони човечки животи би можело да исчезнат во рок од само два часа како последица на истекувањето на лавата и исфрлањето на камења – се додава во студијата.

Јапонија е сместена во областа на ткн Пацифички огнен прстен, подрачје во кое на спојувањето на четири континентални тектонски плочи се случува силна сеизмичка активност, има 110 активни вулкани, Фиџи е далеку најпознатиот. Повеќе од половината од овие вулкани се постојано следени од научниците, како и неодамна Онтаке кој сепак експлодираше без никаква геолошка најава со претходни знаци, и секој од овие вулкани може да се „разбуди“ во секој момент.

Во земјотресот кој во 1923 година ја погоди областа на јапонската престолнина Токио загинале повеќе од 140 илјади луѓе. Вулканите, исто како из земјотресите предизвикуваат и појава на цунами бранови, како оној кој во март 2011-та ја погоди северна Јапонија.

– Не е претерано да се каже дека колосална вулканска ерупција од Јапонија би направила изумрена земја -заклучуваат Тацуми и Сизуки. Научниците повикуваат со помош на новите технологии да се пресметаат „резервоарите на магма“ кои ги има многу под површината на Земјината кора во слоевите длабоки по неколку километри.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top