Некогаш најпопуларните мобилни телефони, брендот „Нокиа“ и официјално ќе престане да постои. Мајкрософт, компанијата сопственик на Нокиа, конечно и официјално го потврди она што се очекуваше подолго време.
Компанијата во идните неколку недели ќе престане да ја користи ознаката „Нокиа“ на своите мобилни телефони. Освен брендот „Нокиа“, ќе престане да се користи и брендот „Windows Phone“.
Новите телефони ќе ги користат ознаките „Microsoft Lumia“.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.


