| четврток, 6 декември 2018 |

Стипендии за школување во НОВА

Партнерството меѓу НОВА и фондацијата „Борис Трајковски“ беше основано како резултат на тесната соработка меѓу училиштето и покојниот претседател Борис Трајковски

Меѓународното училиште НОВА и Меѓународната фондација „Борис Трајковски“ и оваа година ќе доделат три целосни стипендии за четиригодишно школување на талентирани ученици од Македонија. Условите за конкурирање опфаќаат солидно познавање англиски јазик и математика, одличен успех од петто до осмо одделение, препораки од класен раководител и наставник по избор. При селекцијата, на кандидатите ќе им биде зададена тема за есеј и ќе бидат спроведени тестирања за проверка на знаењата по англиски јазик и математика.

Рокот за поднесување апликации трае од 4 март до 21 март, а подетални информации во врска со конкурсот може да се добијат на вен-страницата на НОВА, www.nova.edu.mk, или во администрацијата на НОВА. Тестирањето ќе се одржи на 23 март во гимназијата НОВА.

Партнерството меѓу НОВА и фондацијата „Борис Трајковски“ беше основано како резултат на тесната соработка меѓу училиштето и покојниот претседател Борис Трајковски, како и поради фактот што филозофијата на работење на НОВА и нејзините воспитувачи беше во иста линија со вредностите и верувањата на претседателот Трајковски.

Програмата почна во 2005 година и досега презентираше пет успешни генерации матуранти кои своето образование го продолжија на врвни американски и европски универзитети, како што се: Харвард, Принстон, Јејл, Оксфорд, Гронинген и Лајден.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top