Невремето кое во текот на минатата ноќ ја погоди Словенија со сета сила, предизвика застрашувачка претстава бидејќи за неколку часа забележани се 20.000 громови, што според ескпертите е вистинска реткост за ова време од годината, пренесуваат словенечките медиуми.
Невремето кое донесе големи количества дожд и поплави го карактеризираше голем број на громови.
– На територијата на Словенија за 10 часа забележани се приближно 20.000 громови. Таква активност некогаш бележиме во текот на летните месеци, но за ова годишно време се вистинска реткот- велат тамошните експерти.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.