Северна Кореја се закани со превентивен нуклеарен напад врз САД како предупредување пред гласањето во ОН за новите санкции кон Пјонгјанг поради неодамнешниот нуклеарен тест.
Неименуван портпарол на севернокорејското Mинистерство за надворешни работи изјави дека Северна Кореја ќе го искуси своето право за превентивен нуклеарен напад врз седиштето на агресорот затоа што Вашингтон провоцира нуклеарна војна.
Ваквите закани се зачестени последните денови поради нервозата кај севернокорејскиот државен врв предизвикана од можноста за нови санкции и од најавената воена вежба на САД и Јужна Кореја.
Советот за безбедност на ОН е подготвен по четврти пат да ги зајакне санкциите против Пјонгјанг во обид да ги убеди властите да отстапат од нуклеарната и балистичката програма. Резолуцијата е поднесена од САД и Кина, најблискиот пријател на Северна Кореја.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Кина: САД ни држат нож под грло во трговскиот спор
-
Нобеловата награда за мир ќе остане во рацете на Аунг Сан Си Чи, нема да и се одземе и покрај извештајот на ОН
-
На САД им се заканува тотален мрак: Руски хакери упаднале во системите на американските енергетски компании
-
ЕУ ги прошири санкциите против Русија


