| четврток, 6 декември 2018 |

Албанската полиција приведе 76 Сиријци

policia-tirane-1Албанската полиција, кај месноста „ Мулири“ во близина на граничниот премин Какавија, на албанско-грчката граница, открила и привела голема група емигранти, сириски државјани.

Според полицијата, групата ја сочинувале 76 Сиријци, од нив девет жени и седум деца. Биле откриени од пограничните полициски патроли. Границата , како што изјавиле ја минале илегално а целта им била да го продолжат патот кон Црна Гора, а од таму во некоја западноевропска земја.

Во последните десетина дена ова е трет случај на откриени емигранти во близина на јужните градови Ѓирокастро и Саранда. Во пртетходните два случаи кај Ѓирокастро беа откриени 33 сириски државјани, додека кај Саранда 35 емигранти од Сирија и Пакистан.

Во Албанија, особено преку Грција, влегуваат голем број на имигранти кои потоа сакаат да го продолжат патот кон земјите на ЕУ преку Италија но и Црна Гора . Само за танзитот низ Албанија им наплатуваат од илјада до 1.500 евра

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top