| четврток, 6 декември 2018 |

Видео од хаосот во Канада – По пукањето премиерот на безбедно

фото: ЕПА

фото: ЕПА

Непознат напаѓач денеска испука најмалку еден куршум од огнено оружје во војник, кој бил на стража пред споменикот на воените жртви во центарот на Отава, пренесуваат канадските медиуми.

Напаѓачот потоа влегол во комплексот на канадскиот парламент, каде се чуле неколку истрели, по што полицијата ја опколила зградата. Најмалку 20 истрели се регистрирани во регионот на канадскиот парламент, а полицијата е во потрага по уште еден или двајца вооружени напаѓачи, според очевидци во внатрешноста на комплексот.

Полицијата соопшти дека застреланиот војник се наоѓа во тешка состојба.

Канадската влада претходно денеска го зголеми нивото на опасност од тероризам од средно на високо, по општиот раст на меѓусебните комуникации меѓу припадниците на радикалните групи како што е исламската држава и Ал Каеда, соопшти портпаролот на канадскиот министер за јавна безбедност Жан Кристоф Де Ле Ру.

Премиерот на Канада, Стефан Харпер веднаш го напуштил парламентот и во моментов се наоѓа на сигурно.

Според очевидци напаѓачот, кој е во бегство, имал пушка, бил облечен во темен капут, а според некои лицето му било покриено со марами кои може да се видат во блискоисточните држави.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top