| четврток, 6 декември 2018 |

Изложба на отворено во Карпош како најава за Модната недела

fw

Изложбата на отворено „Арт Ограда“ составена од 16 големи пано-фотографии од креациите на модните дизајнери-учесници на претстојниот Моден викенд Скопје, од денеска е поставена на оградата на „Архив на Град Скопје“, односно на аголот на улица „Московска“ и булеварот „Партизански одреди“ во општината Карпош. Фотографиите ќе можат да се видат се до 22 ноември.

wf

На отварањето на изложбата која Моден викенд Скопје ја организираше во соработка со Општина Карпош присуствуваше и градоначалникот на општината Стевче Јакимовски како и Бранка Доневска-Најдовска, главниот уредник на „Теа модерна“, како генерален медиумски покровител на проектот.

modna nedela

Презентираните креации се на дизајнерите : Лидија Георгиева која во својата креација ја „облече“ актерката Дарја Ризова, актерката Ивана Павлаковиќ во модел на Јована Филиповиќ, а за „Ле бренд“ (Le Brand) во улога на модел се појавува победничката на првото издание на „Танц со ѕвездите“ во Македонија – Јована Василева. Дизајнерката Митковска се фотографираше во модел од својата најнова колекција за „Вибрациони на Александра Митковска“ (Vibrazioni by Aleksandra Mitkovska) на која се принтови од фотографиите на Милчо Манчевски. Дизајнерските парчиња ги носат и манекенките од модната агенција „Подиум“: Моника Илиевска, Рене Вајт, Јорданка Михајловиќ и Фаниа Гиачо од дизајнерите Ирина Тошева, Олгица Ѓоргиева, Мила Кадриу, Стефанија Насеска, Никола Петровски, Оливера Штакоска, Инес Шабан, Златко Јовановски, Росица Мршиќ, Андријана Динева и модната продавница за детска облека „Софиленд“.

ivana

Фотографите се направени на осум локации во Карпош , односно во : ОУ „Јан Амос Коменски“, покрај жардиниерите на булевар Партизански одреди, во паркот „Карпош 3“, плоштадот „Делфина“ во населбата Влае, на кружниот тек помеѓу улица „Париска“ и улица „Варшавска“, во дворот на црквата „Св. Пантелејмон“, пред зградата на булевар „Партизански одреди“ бр. 59 (поранешен „Мал одмор“) и платото „Млечен ресторан“.

1794682_660796070684444_8019307768590410878_n

Фотографиите ги направија Марко Маркоски, Стефан Николовски и двоецот „Ани и Дими“.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top