Нов вид тарантула откриен во Западна Амазонија ќе го носи името на легендарниот фронтмен на Битлси, Џон Ленон. Тројцата откривачи на гигантскиот пајак птицојад – уругваец и двајца Бразилци одлучиле да го крстат по покојниот музичар, бидејќи биле големи фанови на Ливерпулската четворка. Тарантулата Bumba lennoni, припаѓа на семејството Theraphosidae. Претставниците на новооткриениот вид, сличен на останатите тарантули, имаат заштитни влакна на стомаците, кои при контакт со кожа може да предизвикаат чешање .
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.