| четврток, 6 декември 2018 |

Писмото на Ленон упатено до продуцентот, продадено за 53.000 фунти

Писмото, со налутен тон, кој пејачот и гитаристот на Битлси Џон Ленон му го упатил на продуцентот Фил Спектор во средината на 70-тите, продадено е за 53.000 фунти на онлајн аукцијата.

Цената на писмото, симболично насловено „A Matter of Pee“, постигна седум пати повеќе од проценетата предаукциска цена од 7.000 фунти, пишува списанието „Анкат“.

Ленон со црвено мастило го напишал писмото во непознато студио во Њујорк, во текот на 18- месечниот период (од 1973 до 1975) познат под името Lost Weekend, кога поранешиот Битлс се раздели од својата жена Јоко Оно. Ленон во тоа време работел со Спектор во Капитал студиото заедно со тапанарот на The Who, Кеит Мун и пејачот и текстописецот Хари Нилсон.

Од писмото се дознава дека Мун и Нилсон правеле глупости во студиото, што предизвикало незадоволство кај Ленон, особено поради фактот што од издавачката куќа се заканиле дека сите тројца ќе ги исфрлат од студиото.

Ленон, во писмото кое симболично го нарече „A Matter of Pee“ ги обинува Мун и Нилсон дека уринирале по конзолата и најавува негово брзо заминување од издавачката куќа. „Ако не сте знаеле, Хари и Кеит уринираа по конзолата“, стои во писмото на Ленон.

Ленон писмото му го дал на гитаристот Ед Дејвис, кој свиреше на албумот на Ленон од 1974 година Walls And Bridges и кој писмото го продал. Писмото на аукција го стави специјализираната лондонска куќа Cooper Owen, а продадено е на приватен колекционер.

Аукционерката Луис Копер истакна дека се работи за редок и вреден предмет, дотолку повеќе што во него се спомнуваат толку познати лица од тој период. Спектор и Ленон работеле заедно на албумот од 1975 година Rock n Roll, а снимањето беше обележано со бунтовно и изопачено однесување.

Во една прилика Спектор се појавил во одело на хирург и пукал во таванот на студиото, повредувајќи ги ушите на Ленон, додека другите будалештини вклучувале пролевање на шишиња виски преку конзола за миксање во обид да се запре издавачката куќа да го забрани понатамошно снимање.

Спектор тогаш славно побегна со снимките, по што настрада во несреќа, што пак значеше дека до песните не можело да се дојде се додека тој не се опоравил.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top