
ВМРО-ДПМНЕ во пишаната реакција на прес-конференцијата на СДСМ истакнува дека нивните денешни обвинувања се груба манипулација.
Оттаму посочуваат дека нема зголемување на приходите за казни.
– Апсолутно не е точно дека е зголемена ставката на приходи по основ на глоби и казни во Буџетот за 2015 година. Тоа секој може да го види на јавно објавениот Буџет на страна 72. Ставката приходи од судски и административни такси и глоби е на исто ниво со оваа година – наведува ВМРО-ДПМНЕ.
Според партијата, казните учествуваат со само 0,3 отсто во приходите или 8 милиони евра.
– ВМРО-ДПМНЕ е партија која се залага за правична казнена политика. На почетокот на овој мандат беше прилагодена казената политика на големината на фирмите и нивната платежна моќ – се вели во реакцијата.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Протестен марш на ВМРО ДПМНЕ во 17 часот (во живо)
-
Отворено и транспарентно: ВМРО-ДПМНЕ со Јавен повик за кандидирање на членови на Комисии
-
Стоилковски: Заев и Спасовски да одговорат колку Иван Савидис е економски присутен во Македонија и дали има поврзаност со Владата
-
Што говореше за Уставот пред да се предомисли предавничката Александрова и да ги гласа измените? (видео)


