Лејди Гага има нов дом во Калифорнија, кој според гласините вреди 24 милиони американски долари.
Палата на 28-годишната пејачка се наоѓа во Малибу, а претходно била во сопственост на магнатот и косопственик на компанијата Warner Bros – Дан Ромања. Убавата и суперлуксозна куќа располага со секакви удобности како приватен фитнес, базен со солена вода и џакузи, винарска визба, куглана, кошаркарското игралиште и др. Внатрешноста на куќата е инспириран од традиционалните куќи на Француската Ривиера. Освен тоа имотот располага со штали и арена за возење. Новиот дом на Лејди Гага е со прекрасен поглед на Тихиот Океан.
Пејачката ќе располага со 5 спални, 12 бањи и тоалети, 3 базени и куглана. Парцелата располага со оргомна градина со маслинови дрвја, жива ограда од лаванда и жалфија. Поп-ѕвездата си има и куќа за гости, како и стан за стражарите.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.


