| четврток, 6 декември 2018 |

Малолетник ранил скопјанец во Чаир

пистол

Со две прострелни рани околу полноќ се здобил скопјанец откако во него било пукано кај улицата „Ќемал Сејфула“ во Чаир. Случајот во полиција го пријавиле од Градската општа болница, каде што бил донесен ранетиот 20-годишник Ф.А., откако бил ранет во близина на улицата„Кемал Сејфула“, а како можен сторител е посочен И.Е.(17) од Скопје.

Полицијата подоцна во полициската станица Кисела Вода ги привеле И.Е. и Ш.Ш. (18). Се работи на расчистување на случајот, а по завршувањето на постапката, ќе бидат поднесени пријави.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top