Златната посмртна маска го прикажува Тутанкамон како убав и моќен маж. Меѓутоа, познатиот фараон имал исфрлени заби, криво стапало и женски колкови, покажа најдеталното испитување на неговите посмртни остатанки.
Виртуелната аутопсија, за време на која се направена повеќе од две илјади скенирања на телото, покажа дека младиот фараон морал да користи стап за одење и се движел многу тешко. Исто така, генетската анализа докажa дека неговите родители биле брат и сестра.
Новите испитувања на тимот научници од Инситутот за мумии во Италија покажа дека имал повеќе генетски недостатоци и хормонски дисбаланс и дека сите тие болести довеле до неговата прерана смрт. Со ова се демантира теоријата дека е убиен или дека настрадал од повреди здобиени во текот на трките со кочии. Новите истражувања покажуваат дека не бил способен да вози кочија со две седишта, какви што се користеле за трки.
Водачот на тимот, Алберт Цинк ја отки вистината за неговите родители испитувајќи ја ДНК на кралското семејство. Така било утврдено дека Ехнатон, познатиот еретички крал, двигател на најголемите промени во древниот Египет и човекот што го вовел монотеизмот имал односи со својата сестра и потоа е роден Тутанкамон. Во тоа време инцесот не бил сметан за табу.
Хутан Ашрафијан од Империјалниот колеџ во Лондон вели дека неколку членови од семејството страдале од болест што може да се објасни како хормонски дибаланс.
– Многу негови претходници живееле до длабока старост. Само членовите на неговата дирекна линија умирале рано и тоа сè порано во секоја генерација – рече тој.
Радиологот Ашраф Селим истакна дека аутопсијата докажала дека имал криво стапало.
– Тутанкамон едвај одел поради тоа стапало. Тоа го мачело во поголемиот дел од животот. Единствената рана што ја најдовме, а која настанала непосредно пред смртта, е рана на коленото – објаснува тој.
Доказ дека поткривнувал се и 130 стапови за одење откриени во гробницата.
Факти
– Ехнатон владеел од 1353 до 1336 година пред нашата ера (или 1351-1334).
– Околу 1346 година пред нашата ера го укинал политеизмот и вовел верување во Атон, сончев диск.
– Тутанкамон на власт дошол во 1332 година пред нашата ера, но бил толку слаб владетел што свештениците на Амон го убедиле да ги напушти реформите на татко му.
– Кога повторно дозволил верување во повеќе богови, го променил името во Тутанкамон.
– Починал во 1323 година пред нашата ера.
– Бил безначаен владетел, но популарен е затоа што во 1922 година откриена е неговата гробница, единствена фараонска гробница што не е ограбена во текот на вековите.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Шок во Бордо: Суботиќ во бесознание, доби удар од голманот на Ст.Етјен
-
Кузмановска: Неспособната власт ги задолжи граѓаните за нови 21,1 милион евра
-
И јас трпев насилство од поранешниот партнер: Министерката си ја отвори душата!(видео)
-
Руси масовно дрифтаат во снег, ни полицијата не им може ништо (Видео)