Јужноафриканскиот параолимпиец Оскар Писториус е прогласен за виновен за убиство од небрежност на неговата девојка Рива Стинкамп и доби петгодишна затворска казна.
Писториус поради поседување огнено оружје заработи и тригодишна условна казна. Судијката Токазиле Масипа изјави дека казната домашен притвор, но и условната казна, не се прикладни на овој случај, со оглед на степенот на небрежност при извршувањето на убиството.
Писториус, најверојатно, нема да поднесе жалба на пресудата, а мајката на Рива Стинкамп изјави дека со оваа казна правдата е задоволена.
Параолимпиецот Писториус минатата година во февруари во својата куќа во Преторија ја уби девојка си, а медиумите тогаш објавија дека Рива Стинкамп влегла кај него дома за да го изненади за Денот на вљубените.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.