Младиот хрватски боксер Видо Лончар неславно го одбележи Европското првенство за јуниор во аматерски бокс што деновиве се одржува во Загреб. Тој беше поразен со технички нокаут во втората рунда од Литванецот Алгирдас Баниулис, и тоа откако главниот судија му броеше трипати. Лончар незадоволен од одлуката на судијата, во моментот кога требаше да биде прогласен победникот, му пријде на судијата и со неколку удари го собори. Потоа продолжи да го удира и покрај тоа што судијата лежеше на подот.
Набрзо реагираа и редарите и останатите судии, а Лончар беше буквално извлечен од рингот за нога од непознато лице.
Се очекува младиот боксер да биде казнет со доживотна забрана за занимавање со аматерски бокс.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.