| четврток, 6 декември 2018 |

Кристин Орган: 15 феминистички лекции на кои сакам да ги научам синовите

Кристин Орган, писателка и адвокат од Чикаго, одлучила на своите синови да им го воведе и поимот еднаквост меѓу половите, па затоа на својот блог напишала текст за тоа што сака да ги научи пред да стекнат искривена слика за феминизмот.

kristin organ

Татко ми пред 20 години ме научи дека доколку сакам нешто во животот, мора да се поставам во таква позиција за да си го обезбедам тоа. Тој ме научи на првата лекција за феминизмот: биди независна, управувај со својот живот и биди господар на својата судбина, пишала Орган.

Таа истакнува дека е феминистка и дека верува во еднаквоста меѓу половите и затоа направила список за тоа што сака да ги научи своите синови.

1. Феминизмот не значи женственост. Тој значи еднаквост.

2. Тоа што си момче, не значи дека не можеш да бидеш феминист. Ниту тоа што сакаш спорт и акциски фимови.

3. Плачењето е во ред.

4. Биди пријател со девојчињата.

5. Девојчињата можат да ги сакаат камионите и суперхероите исто како што момчињата може да ги сакаат принцезите и чајанките.

6. Фразите „како момче“ и „како девојче“ немаат значење, игнорирај ги.

7. Биди силен и емотивен. Тоа не е спротивно.

8. Поради својот пенис, немаш супермоќ. Тој, едноставно, е дел од твојата анатомија.

9, Придржи ја вратата и на жените и на мажите, не затоа што е сексистичка традиција, туку затоа што е љубезно.

10. Девојката може да изгледа убаво, атрактивно, слатко и секси, но вистинската убавина доаѓа однатре.

11. Плати ја вечерата и купи ѝ цвеќе, не затоа што сексот ќе биде поверојатен, туку затоа што тоа е убаво.

12. Имајте секс кога двајцата ќе бидете подготвени, не затоа што вашите пријатели веќе имаат искуство и затоа што хормоните ви дивеат. Направете го тоа кога ќе бидете физички и емоционално подготвени.

13. „Не“ значи „не“. Дури и „можеби“ значи „не“. Само „да“ значи „да“.

14. Истата работа заслужува иста плата. Истата плата бара иста работа. Толку е едноставно.

15. Твојот пол не те дефинира. Не те дефинира ниту твојата работа, ниту сметката во банка. Биди фин и храбар, биди добар пријател кон сите и однесувај се со почит – тоа се квалитети кои те дефинираат.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top