На секои пет минути во светот едно дете страда во насилство, соопшти Организацијата на Обединетите нации за деца (УНИЦЕФ).
Во извештајот се наведува дека поголемиот дел од тие случаи се случуваат надвор од воените зони и дека милиони млади до 20 години се чувстуваат несигурно во своите домови, училишта и заедници.
Како можни виновници и фактори на ризик се наведуваат и забрзаната урбанизација, невработеноста и нееднаквоста.
Со објавување на извештајот под името „Деца во опасност: да се дејствува за да се сопре насилството против децата“ се означи почетокот на кампањата „Деца во опасност“, пренесува „Би-Би-Си“. Во извештајот се наведува дека 345 деца помлади од 20 години ќе бидат во опасност да загинат во насилство секој ден следната година, ако нешто не се преземе.
Децата што живеат во сиромаштија почесто се жртви на насилство, а момче адолесцент во Латинска Америка има 70 пати повеќе шанси да биде убиен отколку неговиот врсник во Велика Британија.
– Сакаме сите деца што живеат во страв да се чувстуваат безбедно и сигурно – изјави извршниот директор на УНИЦЕФ, Дејвид Бул.
Во извештајот се истакнува дека само 41 земја имаат стриктни закони против насилство над децата. Според овој извештај, ни богатите земји немаат причини да бидат задоволни бидејќи ниту една држава во светот не е во состојба да им осигури апсолутна заштита на децата.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.