Двајца тетовци се кривично пријавени затоа што го истругале бројот на шасијата од нивните возило и ставиле друг.
СВР Тетово поднесе кривична пријава за Ш.И.(25) од Тетово за кривично дело фалсификување исправа. Во текот на мај 2012 година, од страна на полициски службеници, извршена е контрола на автомобил марка „БМВ“, сопственост на пријавениот, за кое по извршеното вештачење е утврдено дека со механичко стружење е отстранет идентификациониот број на шасијата и дополнително се втиснати броеви од сега постојниот идентификациски број.
СВР Тeтово поднесе кривична пријава за Б.Љ.(26) од Тетово за кривично дело фалсификување исправа. Во текот на јули 2011 година, од страна на полициски службеници е извршена контрола на автомобил „мазда“, сопственост на пријавениот, за кое по извршеното вештачење е утврдено дека со механичко стружење е отстранет идентификациониот број на шасијата и дополнително се втиснати нови броеви од сега постојниот идентификациски број.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Обид за убиство во Тетово
-
Монструозно насилство утринава во Тетово: Маж ја прободел својата вонбрачна жена во градите, вратот, грбот и дланките
-
Пред сендвичарница во Тетово го прободел со нож: Момчето е итно пренесено во Скопје
-
Зошто некој сакаше успешна акција на специјалците во МВР да остане незабележана?