Европа умре во Приштина- така ја наслови својата книга Жак Огар, француски оперативец, водач на специјалните оперативни сили кои на Косово беа во официјална мисија со елитната единица. Тој престојувал вкупно петнаесет дека од потпишувањето на кумановскиот договор до доаѓањето на редовните мировни сили, но тоа било сосема доволно да стекне впечаток што се случувало во јужната српска покраина. Имал желба да ја објави книгата на петнаесетгодишнината од НАТО агресијата.
-На крајот на 1998 година почнавме да ја разгледуваме воената опција против Србија што значи дека сето тоа беше однапред испланирано. Во француските медиуми, во тоа време можеше да се чуе како лошите Срби ги протеруваат добрите Албанци. Не го познавав Балканот и очекував да видам лоши Срби кои вршат етничко чистење, како што велеше „официјалната вистина“. меѓутоа го откривме спротивното-вели Огар во интервју за српските медиуми каде деновиве ја промовираше својата книга.
– Во фактите ме упати татко ми, кој е генерал во француската војска. Во моето семејство постои традиција на српско-француско пријателство која ми беше останата во магловито сеќавање од детството и татко ми ме потсети на неа. Ми обрна внимание дека не е се онака како што изгледа и ме заколна да не бидам престрог кон Србите.
– На терен открив дека Србите се професионални и дека си стојат на зборот, додека Албанците постојано се обидуваа само едно, да отстапат од договореното, вели Жак.
– OВК одземаше имот, празнеа цели градови за една ноќ, како што беше на пример во Вучитрн. Убиваа, на големо и на мало. Се надевам дека наскоро нивните лидери ќе одговараат пред правдата. Откривме листа со наредби за ликвидација на Срби и нелојални Албанци со печат од ОВК. Сите документи им ги предадовме на претпоставените, но никогаш повеќе не слушнавме ништо за тоа. Тоа што ОВК беше привилегиран соговорник на ЕУ претставува искривување на историјата, кршење на меѓународното право и враќање назад на цивилизираниот свет.
Во еден миг вративме српска војска од повлекување…
– Припадниците на ОВК направија заседа и нападнаа конвој со српски бегалци, главно старци, жени и деца кои се повлекуваа со трактори. Овој тежок инцидент се случи со поддршка на Британците. Инаку на Албанците им помагаа странските разузнавачки служби во прв ред американската, германската и британската. Седмата пешадиска бригада на полковникот Серковиќ беше во близина и се повлекуваше кон северна Србија. Го направив она што беше неопходно. Ги повикав и им дозволив да се вратат и да го запрат агресорот. И тоа го направија.
– Косово самостојно не може да опстане. Или ќе и се врати на Србија, или ќе се приклучи кон „голема Албанија“ онаква каква што ја видовме на картата во текот на фудбалскиот натпревар. Но, таква Албанија би била ефемерна. Независно од било која дневна политика, Србите никогаш нема да се помират со трајно губење на својата историска, културна и духовна колевка. Ако некаде имате мнозинско население не значи дека тоа е ваша земја. Целата историја на Косово и Метохија е исклесана во неговите камења.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Органите на Приштина на Север од денеска не постојат: Протести во Митровица, градоначалниците поднесоа оставки!
-
Милионски штети: Србија пресмета колку ќе изгуби поради блокираната трговија со Косово
-
Се одмаздуваат на Србија: Косово воведува 100 проценти царина на српската роба
-
Косово е противник на Македонија во полуфиналето во Лигата на нации