Дваесет и тригодишниот индиски фудбалер Питер Бјаксангзуала починал откако тешко го повредил ’рбетот прославувајќи гол, со кој го изедначил натпреварот на североисточната индиска лига.
Тој, по изведувањето серија салта, паднал на глава.
Неговите соиграчи, не сомневајќи се дека тој се здобил со фатални повреди при скокот, почнале да скокаат врз него додека лежел на тревата, пред да увидат дека е тешкоповреден.
Несреќниот фудбалер починал в болница.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.