Пратеничката група на ДПА ќе продолжи да ги изнесува реалните барања на Албанците и ќе го крене гласот за сите антиалбански проекти, изјави денеска пратеникот Газменд Алиу.
Тој заедно со другите пратеници од ДПА денеска повторно се вклучија во работата на Парламентот по физичкиот инцидент со пратениците од ДУИ за време на амандманската расправа за буџетот за 2015 година во Комисијата за финансирање и буџет на крајот на август. Собранието денеска ја продолжи седницата на која на дневен ред е буџетот за следната година и Извештајот на ЕК за напредокот.
– ДУИ исценира инцидент само поради една причина: да ја замолчи албанската опозиција. Им ставаме до знаење дека ова ќе биде невозожна мисија и на ДУИ и на кој било друг – изјави пратеникот Алиу.
Лицемерие е за него изјавата на лидерот на ДУИ, Али Ахмети, дека функционерите од неговата партија не се ангели. Според Алиу, тој мора да сноси одговорност за неговата политика бидејќи Албанците се во многу неповолна положба.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.