СДСМ темите за недостигот од слобода, за диктатура и за задушување на медиумите ги користи само за да ја затскрие сопствената безидејност и неспособност да конкурира со здрава програма и издржани проекти. На тој начин најголемата опозициска партија се обидува да купи мир во своите редови и бара оправдување за лошите резултати. Фактичката состојба покажува дека СДСМ цврсто гази со медиумите што ги има зад себе.
14 портали
„Плус инфо“ е еден од порталите што стојат зад опозицискиот СДСМ. Порталот на Бранко Героски, кој ја поддржува опозицијата, во суштина, е здружение на граѓани – Здружение на граѓани за одбрана на слободата на говорот и на јавното изразување член 16, каде што како основач се јавува и неговата сопруга Билјана. И раководителот на порталот „Либертас“, Ацо Кабранов, е заеднички основач со Героски на Здружението на граѓани, кое во „Марнет“ го регистрирало порталот „Плус инфо“. Основачи на здружението се брачната двојка Героски, Бранислав и Билјана, Кабранов, заедно со уште седум други лица. Од завршните сметки се гледа дека здружението според член 16 на Кабранов и на Геровски не е обично здружение, туку тоа за изминатата фискална 2012 година само по основа на донации има добиено повеќе од половина милион денари, односно поточно 594.225 денари и остварено приход 4, 144.472 денари, што е позавидна сума за едно обично здружение на граѓани. Во 2013 година „Плусинфо“ од СОРОС добил 47.702 евра.
Кабранов е раководител на проектот „Либертас“ д.о.о., регистриран на фирмата Друштво за издаваштво, маркетинг и продукција „Глинка“ Скопје, чиишто основачи се Ацо Кабранов и Зоран Василевски – Фаци. Ацо Кабранов е кум на Љубомир Фрчкоски и нормално во редакцијата е вработена и кумашинката Лени Фрчкоска, ќерка на Љубомир Фрчковски. Од СОРОС на сметка на Либертас во 2013 година легнале 26.686 евра.
Раководител на интернет-порталот „Бриф“ е Илин Николовски, син на пратеничката од коалицијата на СДСМ, Ленче Николовска. Инаку, Ленче Николовска, е поранешна новинарка во телевизија „А1“ каде што беше одговорен уредник на земјоделската програма. Илин Николовски, кој има неполни 22 години, е единствен основач и управител на фирмата Друштво за дигитални медиуми „Бабински“ д.о.о.е.л. на која е регистриран сајтот. Паричниот влог за основање на фирмата е 5.100 евра, кој го дал Илин.
Сопственик на „А1 ОН“ е поранешниот новинар во телевизијата „А1“,Предраг Петровиќ. Тој сајтот го регистрирал на Друштвото за дигитални медиуми „Онлајн медија“ д.о.о.е.л. Скопје, каде што е единствен основач и сопственик со основна главнина од 326.000 денари. За само една година, во 2013 година, овој портал на основ грант од СОРОС инкасирал 49.706 евра.
„Нова ТВ“ е на некогашниот уредник во телевизија „А1“, Борјан Јовановски. Тој го основа порталот заедно со неговата колешка од „А1“ Билјана Секуловска, која се води како директор на фирмата, а Борјан Јовановски е главен уредник. Тука работат поранешните новинари на „А1“ – Сашка Цветковска, Менче Точи…
И фантомскиот сајт „Скај.мк“ e поддржувач на политиката на СДСМ. Тие од СОРОС минатата година добиле 18.183 евра.
„Центар њуз“ е фантомски портал, каде што нема уредник, нема сопственик, нема директор. Основан од сегашниот директор на Паркинзи Центар, Саша Богдановиќ. И „Мактел“ е еден од тие портали што имаат за задача да ја напаѓаат Владата помагајќи му на СДСМ да одржи мир во своите редови, барајќи ја вината за лошите резултати на СДСМ кај сите други, само не кај СДСМ. Сопственик на овој портал е Саше Ивановски – Политико. За таа намена од СОРОС Ивановски во 2013 година добил повеќе од 2.000 евра. „Инбокс 7“, „Фокус.мк“ ( 3.604 евра од СОРОС во 2013 година), „Капитал“, сајтот на „Радио Канал 77“ се критички насторени, а места каде што може да се прочитаат ставовите на опозицијата се и „Радио Слободна Европа“, како и „Дојче веле“.
Пет дневни весника
Пет дневни весници се под директива на СДСМ. Тоа се „Слободен печат“, „Вест“, „Утрински весник“, „Нова Македонија“ и новоформираниот „Политико“.
Уредничкото место во „Слободен печат“ го има Бранко Геровски, кој и не крие дека отворено лобира за опозиционата СДСМ.Овој печатен медиум минатата година од СОРОС има добиено 60.000 евра.
На дневниот весник „Вест“ уредник е Горан Михајловски, кој редовно преку колумни ја критикува владата. На уредничката позиција на „Утрински весник“ стои Соња Крамарска, која беше ангажирана директно од поранешниот лидер на СДСМ и експретседател Бранко Црвенковски да ги пишува неговите мемоари.
Најновиот весник е „Политико“, за кој во јавноста има различни информации за тоа кој го финансира.
Во партиските кругови се зборува дека на Саше Ивановски – Политико му се направи меракот- лидерот на СДСМ, Зоран Заев му даде финансии за да направи весник. Се шпекулира дека „Политико“ е финансиран директно од Заев и фирми блиски до Заев.
Три телевизии
Во сферата на медиумите за блиски до СДСМ важат националните телевизии „Телма“ и „Алсат“ во чиишто емисии редовно се гости првенците на СДСМ. Тука е и „Вести 24“, која важи за блиска до СДСМ.
Два неделни магазини
Неделницикот „Фокус“ е медиум што директно ја поддржува СДСМ. Овој медсиум работи под директива на опозицијата. Во 2013 година „Фокус“ има добиено 36.507 евра од СОРОС. И економскиот неделник „Капитал“, зад кој стои Љупчо Зиков, лидерот на Граѓанска алијанса на Македонија е медиум во кој може да се прочитаат ставовите и политиката на СДСМ.
Работата на СОРОС
Купови пари на Фондацијата СОРОС се потрошени за медиуми, невладини организации и функционери на СДСМ. Државата нема ќар од 92-те милиони евра на Соросовиот институт, Буџет со кој Фондацијата Отворено општество Македонија (ФООМ) на чие чело е Владимир Милчин, располагала во своето 21-годишно постоење во земјава. Во 2006 година се потрошиле повеќе од 5 милиони денари за квалитативен монитиронг на медиуми. Доколку се соберат сите финансиски средства со кои располагала Фондацијата во сите години на своето постоење, ќе се заклучи дека во Македонија се потрошени 92 милиони евра од Соросовиот институт. Ова е само мал приказ на тоа како оделе парите на годишно ниво.
Во 2009 година за финансирање на новинари практиканти во ЕУ, Фондацијата потрошила 2 милиони денари. За проектот на НВО Инфо Центар- Медиумско огледало се потрошиле 2 милиони и140 илјади денари. ГЕМ за своите активности добил 20 милиони денари, а финансиски средства добила и Општина Струмица за изградба на амфитеатар.
Пари од Фондацијата добил и Мерсељ Биљаљи, кому му го финансирале и издавањето на неговата лична книга, а кој воедно бил и дел од управните органи на СОРОС.
Во 2011 година за пишување на извештаи што биле упатувани до Европската комисија, СОРОС Македонија потрошила 18 милиони денари. Еден од носителите на активностите бил Македонскиот центар за европско образование (МЦЕО) под раководство на Лидија Димова, сегашен партиски функционер на СДСМ. Токму Димова е позната по барањето што го упати до европските институции за одземање на средствата што ги дава ЕУ за поддршка на Македонија. Оттука, може само да се замисли какви биле барањата и што се пишувало во извештаите што биле испраќани до ЕУ.
Нови 18 милиони се потрошени на, како што стои во извештајот, „создавање три нови дневно информативни портали и се почнаа подготовки за нов информативе портал на албански јазик“. Нагласено е дека се збогатиле и унапредиле содржините на два неделни интернет-магазина, обучени биле 30 млади новинари за продукција.
Во извештајот за 2012 година, Фондацијата се фали дека организирала оцена на капацитетите на Комисијата за лустрација преку креирање анализи и издавање стручни трудови. Инаку, ова доаѓа откако првиот човек на организацијата Сорос Македонија, Владимир Милчин, беше лустриран и прогласен за поткажувач на тајните служби.
Тие во извештаите се фалат дека организирале и 31 дебата на клубот (ГЕМ ) Граѓани за европска Македонија во која учествувале наводно 3.505 учесници и слушатели. Инаку, гласноговорници што учествуваа на дебатите на Гем клубот се лица како Бранко Героски, Жарко Трајановски, Ѓунер Исмаил и потпретседателската на СДСМ, Фросина Ременски.
За развој само на граѓанското општество таа 2012 година СОРОС потрошил повеќе од еден милион евра. Носител на голем дел од активностите е платформата „Метаморфозис“, која е ќерка-фондација на Соросовиот институт.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.