| четврток, 6 декември 2018 |

Милан успеа да врзе две победи благодарејќи на Кеисуке Хонда (видео)

Hellas Verona vs AC Milan

Тимот кој постигна најмногу голови во досегашниот дел од италијанската Сериа А лига, Милан успеа да победи на гостински терен кај тимот на Верона со 3-1. Јунак на денешниот натпревар а воедно и најдобар играч на Милан во изминатите седум кола беше Јапонецот Хонда кој денеска постигна два гола во 27 и 56 минута. Милан поведе со ефектниот автогол на Маркез на кој може да му позавидат и расни стрелци. Едниствениот гол за Верона кој денеска сепак одигра под своите можности го постигна Лопез во 87 минута. Во финишот на натпреварот токму Маркез беше исклучен од натпреварот по добиениот втор жолт картон.


Hellas Verona 1- 3 AC Milan Highlights HD All… by troublemakers41

Во останатите денешни натпревари беа постигнати следните резултати: Фиорентина – Лацио 0-2, Аталанта – Парма 1-0, Калјари – Сампдорија 2-2, Палермо – Чезена 2-1, Торино – Удинезе 1-0.

Вчера Рома беше поуспешна од Киево со 3-0, а лидерот на табелата и актуелен шампион на Италија Јувентус ремизираше со Сасуоло 1-1.
Дербито се игра во Милано, а се среќаваат Интер – Наполи во 20.45 часот, додека натпреварот Џенова – Емполи се игра од 20.45 часот.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top