| четврток, 6 декември 2018 |

Според Нора Шакири, Емилија Лазаревска создавала „етнички чиста Телма“

telma nora emilijaПоранешната уредничка на Телма телевизија Емилија Лазаревска и водителката Нора Шакири јавно преку социјалните мрежи „ги отворија картите“ што се случувало и какви биле состојбите во проопозициската телевизија.

Шакири ја обвини Лазаревска за, како вели, нејзино бркање од телевизијата, но и за „креирање чиста етничка телевизија“; Лазаревска пак и возвраќа за непознавање на етичките и бизнис принципи на еден медиум.

Како што секогаш се случува, работата не се задржува само на еден аспект, туку се проширува и за други случаи…

emilija i nora„Нора,

Заради вистината,но и заради моите пријатели кои се изненадени од твоето тврдење, редно е да одговорам со факти и ако е возможно да ја расчистиме заблудата, со која за жал, си живеела сите години назад. Како што знаеш, ниту сум влијаела да дојдеш во телевизијата пред многу години, ниту да си одиш од неа. Колку што се секавам, дури никогаш во животот лично не сме контактирале. Единствено за што сум реагирала во врска со тебе, а на тоа добро се секавам, е емисијата во која гости ти беа новинари од Канал 5 тв, на која тогаш вестите беа во зародиш. Паметам дека кај тебе во емисија беа поканети Анита Петровска и Стојан Трпчевски, (поправи ме ако грешам), а темата беше промоција на новиот тим на вестите, кои беа фалени како најдобри, а тие ги канеа гледачите на Телма да ги гледаат најдобрите, нели, вести на македонската медиумска сцена. Во време кога и ние се боревме за гледач повеќе, ќе признаеш дека не е баш професионално и колегијално од внатре да ни се фрли таква бомба. Никакви етнички чисти телевизии, никакви урлања по ходници. Тој разговор беше воден во нашата редакција и сите колеги тогаш, недвосмислено реагираа дека тоа е недозволиво. Тоа е исто како, замисли ОНЕ да прави прес конференција, а да ги промовира и фали пакетите на ВИП! Неверојатно е твоето тврдење за етничката димензија на твојот случај, бидејки ако е така тогаш, зошто воопшто некој би ти понудил работа?! Многу приказни сега се предат,едни ликуваат, други сочувствуваат, и се разбира дека не може на сите да им се одговори или угоди. Ова едноставно им го должам на тие што побараа да одговорам на обвинувањата, посебно во делот со етничката димензија“- јавно одговори Лазаревска на обвинувањата на Нора Шакири.

 

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top