| четврток, 6 декември 2018 |

Двојни аршини: Марин избегал од дебата а од Телма не му дале можност на Коневски да гостува сам

 

Последното издание на дебатната емисија Топ Тема која се емитува на ТВ Телма е откажано поради тоа што во емисијата одбил да гостува Златко Марин, кандидат на СДСМ за градоначалник на општина Аеродром, дознава Скопје Инфо.

Дебатата требало да се одржи вчера во стандардниот термин и во неа гости да бидат кандидатите за градоначалници на Аеродром од двете политички партии. Поради стравот и одбивањето на Златко Марин да биде гостин во емисијата, на кандидат за градоначалник од ВМРО ДПМНЕ, Ивица Коневски му било кажано дека не треба да присуствува во емисијата.

Според информациите ваква причина за одложување на дебата се случила и во емисија на 24 Вести која ја води новинарката Душица Мрѓа.

Но, 24 Вести и Телма немаат вакви стандарди кога се работи за кандидатите на СДСМ. Имено, кога кандидат на ВМРО-ДПМНЕ поради некоја причина не присуствува на закажаната дебата, во нивната програма кандидатот на СДСМ гостува сам. Телевизиите ваква шанса не му укажаа на Коневски.

Ваквиот однос на Златко Марин уште еднаш покажува дека тој бега од јавно соочување и дека за жал се плаши од фактите и аргументите, а истовремено е доказ дека двете телевизија известуваат пристрасно во пресрет на локалните избори.

Уште еднаш потсетуваме дека во изминтиот период се одржаа две телевизиски дебати помеѓу двајцата кандидати за градоначалници и на нив Ивица Коневски со факти и аргументи го разобличи Златко Марин кој во недостаток на реални информации изнесуваше неточни тези и ја манипулираше јавноста. – пишува Скопје Инфо.

 

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top